Научниците во Австралија тврдат дека докажале дека патувањето низ времето е теоретски можно по решавањето на „Парадоксот на дедото”.

Физичарите од Универзитетот во Квинсленд користеле математички модели за да ја спојат теоријата за општ релативитет на Ајнштајн и класичната динамика. Судирот на овие два системи е во сржта на славната логичка грешка за патување низ времето, позната како „Парадоксот на дедото”.

Теоријата на Ајнштајн дозволува можност лицето кое користи временски вртлог да патува во минатото за да го убие својот дедо. Меѓутоа, класичната динамика наложува дека распоредот на настаните по смртта на дедото кулминира со тоа временскиот патник подоцна воопшто да не постои.

„Како физичари, сакаме да ги разбереме најосновните закони, и со години се бунев како науката за динамика може да се вклопува со предвидувањата на Ајнштајн”, рекол Жермен Тобар, кој го водел истражувањето.

За своите пресметки, научниците ја користеле пандемијата на коронавирусот како модел за утврдување на тоа дали две теории би можеле да постојат истовремено.

Замислувале патник низ времето како се обидува да се врати и да го спречи нултиот пациент да се зарази. Теоријата на Ајнштајн дозволува можност за патување низ времето, но науката за динамиката би значела дека патникот не може да се меша во основниот развој на настаните.

Па, ако патникот низ времето успее да го спречи ширењето на коронавирусот, тоа би ја елиминирало неговата почетна мотивација за патување во минатото.

„Во примерот со нултиот заразен, можеби би се обиделе тоа да го спречите, но со тоа вие би се заразиле и би станале нултиот пациент, или тоа би бил некој друг”, заклучил Тобар.

„Без разлика на тоа што се го направиле, “главните” настани само би се калибрирале околу вас. Тоа би значело дека, без разлика на вашите постапки, пандемијата ќе се случи. Настаните секогаш ќе се прилагодат за да се избегне било каква недоследност”, рекол Тобар.

Како што додал, откриениот “општ математички процес” значи дека патувањето низ времето логично е можно во нашиот универзум без никаков парадокс, пренесува Independent.

Главниот научник во проектот, Фабио Коста, изјавил дека “математиката е точна, а резултатите се научна фантастика”.

Извор: B92.net