Apple веќе наиде на одредени проблеми во производството на серијата iPhone 14 поради локдаунот во Кина. Се чини дека ситуацијата е стабилизирана, па серијата iPhone 14 би требало да пристигне во деветтиот месец од оваа година. Досега научивме многу за серијата, а сега доаѓа и потврда на претходните шпекулации кои на многумина нема да им се допаднат.
Пред два-три месеци, познатиот најавувач Минг-Чи Куо изјави дека оваа година серијата iPhone 14 ќе донесе невидени разлики помеѓу Pro и обичните модели. Ова, пред сè, се однесува на чипсетот што ќе ги напојува.
Така, тој изјави дека моделите iPhone 14 и iPhone 14 Max ќе се напојуваат од истиот Apple A15 Bionic чип што ја работи актуелната серија iPhone 13, додека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе пристигнат со новиот Apple A16 Bionic чип. Сега TrendForce ја потврдува оваа информација.
Куо е доста точен кога се во прашање информациите за уредите на Apple, но сепак по неговите информации, можеби останува малку надеж дека тоа нема да биде така. Меѓутоа, TrendForce известува дека, за разлика од претходните години, само Pro верзиите на iPhone ќе го користат најновиот процесор оваа година.
Причината за одлуката на Apple е веројатно недостатокот на чипови во целата индустрија, па Apple можеби нема да може да добие доволно од најновите процесори за сите модели. И кога веќе избираше, секако ги избра Pro верзиите за да пристигнат со најновиот процесор.
Неодамна протече можен датум за објавување на оваа серија. Наводно, тоа би можело да се случи на 13 септември 2022 година. Покрај серијата iPhone 14, се известува дека Apple на истиот настан ќе претстави најмалку три нови паметни часовници, меѓу кои Apple Watch 8, евтиниот Apple Watch SE, како и Apple Watch Extreme Edition, кои првенствено ќе бидат наменети за спортисти и активности на отворено.
Покрај часовниците, на истиот настан треба да бидат претставени и долгоочекуваните безжични слушалки AirPods Pro 2, кои ќе доаѓаат со нов дизајн и следната генерација на ANC (active noise cancellation).