Сè попопуларните чипови произведени во Кина содржат критична безбедносна ранливост.
Кинескиот производител на полупроводниците Unisoc неодамна стана многу популарен, бидејќи голем број производители почнаа да ги користат чиповите на компанијата во нивните буџетски уреди. Сега Check Point Research открива дека телефонските чипови Unisoc имаат критична безбедносна ранливост.
Според наводите, проблемот постои во фирмверот на модемот и влијае на 4G и 5G Unisoc чиповите. Проблемот, означен CVE-2022-20210, може да се користи за неутрализирање или блокирање на способностите за мобилна комуникација на уредот.
„Напаѓачот може да користи радио станица за да испрати инфицирани пакети кои можат да го ресетираат модемот, спречувајќи го корисникот да воспостави комуникација. Ако не се закрпи, напаѓачот може да ја блокира мобилната комуникација“, вели безбедносниот истражувач Check Point Software.
Ранливоста беше откриена на телефонот Motorola Moto G20, кој користи чип Unisoc T700 и безбедносна закрпа за Android од јануари 2022 година. Сепак, ранливоста постои и на други уреди кои користат Unisoc чип.
Check Point Research го информираше Unisoc во мај за постоењето на споменатиот проблем. Unisoc го потврди постоењето на ранливоста, по неговиот извештај, и беше објавена закрпа.
На корисниците кои имаат телефони со Unisoc чипот им се препорачува да го применат соодветната закрпа што Google ќе ја објави во наредниот период.