На интернет се појави фотографија која наводно го открива изгледот на претстојната Microsoft конзола, Xbox Series S.

Се работи за поволна алтернатува на понапредната конзола Xbox Series X, што се развива под кодното име Lockhart. Освен изгледот на конзолата, фотографијата ја открива и нејзината цена од 299 долари.

Ако дизајнот е автентичен, може да се каже дека Xbox Series S изгледа слично како и Xbox One S, што беше случај и со Series X и One X конзолите. Прикажана е во вертикална ориентација, иако ротацијата на логото навестува дека тоа не е и примарна конфигурација.

Се појави и видео кое покажува дека Xbox Series S е многу потенок од Series X конзолата, а се чини дека повеќе нема ни Disc drive, за што и претходно се шпекулираше. Видлив е и вентилациски отвор на врвот, како и кружен црн што повеќе се истакнува.

Xbox Series S наводно ќе чини 299 долари, а Series X 499 долари. Двете конзоли ќе бидат достапни во продажба од 10. ноември.

Се очекува дека Series S конзолата нема да прикажува игри во 4K резолуција, но благодарение на моќниот процесор и перформансите на SSD ќе може да ги покренува игрите од следната генерација.