Новата бета верзија на оперативниот систем на Google за паметни телефони Android донесе и група на нови и освежени емотикони.

Меѓу другото, изданието Developer Preview 3 (Beta 2) на оперативниот систем Android P ќе содржи 157 нови и модифицирани емотикони, како и најнова верзија на API, најнови системски слики и друго.

Помеѓу новите емотикони ќе има црвенокоси и суперхерои (од двата пола со пет различни бои на кожа), лице со три срца, печиво со сирење, јастог и лама.

 

Додадени се и родово неутрални опции на постоечките емотикони за семејства и пар со срце, а освежени се и некои од другите постоечки емотикони. Помеѓу овие спаѓаат сланина (која сега ќе изгледа подобро испечена), салата (без јајце за да изгледа како веганска), желка (со нова текстура на оклопот) итн.

Новиот оперативен систем Android P е достапен веќе четири месеци, но засега само на Pixel 2, Pixel 2 XL, OnePlus 6 и на уште пет паметни телефони.

Еве за какви промени и нови емотикони станува збор.

Извор: Tportal.hr