Презентиран е интересен мобилен телефон чија цел е да разбуди носталгија кај корисниците.

Овој паметен телефон има дизајн на класичен домашен телефон однадвор, со ротирачки бројчаник. Сепак, во внатрешноста на Rotary Un-Smartphone се наоѓа вистински мобилен телефон со слот за SIM картичка.

Недостаток на овој уред е што не можете да играте видео игри или да сурфате на Интернет на него. Наменет е за луѓе кои не сакаат минијатурен компјутер во џебот.

Rotary Un-Smartphone е дизајниран од Џастин Хаут – инженер од Америка. Уредот доаѓа во форма на комплет кој може да се состави, но поради побарувачката во понуда е и целосно склопена верзија на телефонот, за оние кои се помалку технички квалификувани.