OnePlus Nord CE 5G би можел да биде наследник на OnePlus Nord N10 5G. Претходно се веруваше дека претстојниот телефон ќе се вика OnePlus Nord N1 5G. Дојавувачот сега подели некои информации за овој паметен телефон.

Типстерот Мак Јамбор сподели на Twitter објава која прикажува „Nord N1 5G“ текст и слика која само вели „Nord CE 5G“. Ова укажува на тоа дека гласината за идниот OnePlus буџетски телефон за кој се верува дека ќе биде наследник на OnePlus Nord N10 5G ќе се вика OnePlus Nord CE 5G наместо OnePlus Nord N1 5G. Се очекува дела овој смартфон ќе биде претставен оваа година. Уште во март, теелфонот за кој се верува дека е OnePlus Nord N1 5G е забележан на BIS листата, навестувајќи скоро објавување.

Истиот месец беа претставени и дизајнот и спецификациите на OnePlus Nord CE 5G познат како OnePlus Nord N1 5G. Истакнато е дека го има истиот дизајн како и OnePlus Nord N10, барем за предната страна со засек за селфи камерата сместена во горниот лев агол на дисплејот. Стив Хемерштофер (aka @OnLeaks) подели рендери кои прикажуваа бочно поставен скенер за отпечатоци од прсти, тројна поставка на задната камера, USB Type-C порт и 3,5 м приклучок за слушалки.

Што се однесува на спецификации, типстерот истакна дека OnePlus Nord CE 5G ќе го има истиот 6,49-инчен рамен екран како и Nord N10, сјајна пластична задна плоча, метална рамка и дебели рамки. Димензиите на телефонот за кој се зборува се 162,9 x 74,7 х 8,4 мм.

OnePlus не сподели никакви информации за OnePlus Nord CE 5G и се уште не е објавен датумот на издавање на телефонот.