Судејќи според се, претходните гласини беа точни – OnePlus работи на паметна фитнес нараквица. Сега е објавен тизер за новата smartband алка на Facebook страницата на компанијата, но не се објавени детали за цената и спецификациите на уредот.

Сепак, дојавувачите Ишан Агарвал и Мукул Шарма ни даваат информации за претстојниот носечки уред. Наводно, паметната нараквица на OnePlus ќе има 1,1 инчен AMOLED дисплеј во боја, 13 режими на вежбање, IP68 сертификат и 14-дневно траење на батеријата.

Уредот, исто така, ќе нуди опција за следење на спиењето, како и целодневно следење на работата на срцето и количеството на кислород во крвта (SpO2). Очекуваната малопродажна цена на OnePlus Band ќе изнесува околу 34 долари, а алката ќе биде објавена на 11. јануари во Индија.

Покрај спецификациите, објавени се и фотографии кои укажуваат на дизајнот на OnePlus Band паметната нараквица.