Експертите за сајбер безбедност ги предупредуваат корисниците на WhatsApp за постоење на нова измама, која може да ја искористат сајбер-криминалците за да ја преземат сметката на корисникот.
Измамата ја користат сајбер-криминалците, кои можат да ги заобиколат вградените безбедносни опции во WhatsApp, по што можат да пристапат до сметката на корисникот на WhatsApp без тој да ги забележи.
Најновата безбедносна ранливост ја откри CloudSEk, а за нејзиното постоење корисниците беа предупредени преку објава на Facebook.
За да ја извршат измамата, хакерите го повикуваат корисникот на WhatsApp и потоа го упатуваат да повика друг број. Тој број е всушност барање за проследување на повикот. Откако жртвата ќе го создаде повикот, хакерите го преземаат корисничкиот број со кој можат да пристапат до сметката на WhatsApp, да се одјават од нејзиниот сопственик и сами да се логираат.
За време на споменатиот процес, корисникот бил измамен неволно да ги пренасочува своите повици на телефонскиот број на хакерот. Откако ќе го повикате бројот, корисникот автоматски се најавува со WhatsApp.
„Овој трик може да хакира сечија WhatsApp сметка, доколку напаѓачот има физички пристап до телефонот и дозвола да креира повик“, се вели во објавата на Фејсбук.
Поврзани артикли