Компанијата U-Boat Worx која се занимава со производство на приватни подморници, претстави нов модел.

Станува збор за модел UWEP, односно Under Water Entertainment Platform, кој е долг 35 метри, широк 7,62 метри и висок 7 метри и нуди простор од 149 квадратни метри, така што подморницата може да се користи за забава.

Подморницата може да прими до 120 патници, што е прилично многу, а се напојува од батерија од 1,2 mWh сместена на подот.

Батеријата издржува до 18 часа со едно полнење, а подморницата може да достигне брзина до 5 km/h и длабочини до 198 метри.

Во случај на итност, постои резервен систем за напојување кој може да се активира по потреба и кој ги одржува клучните системи во период од 96 часа до пристигнувањето на спасувачката екипа.

Подморницата има 14 прозорци со дијаметар од 4,6 метри, кои им овозможуваат на гостите да ги видат длабочините на морето. Опремена е и со огромни светла кои ја „разбиваат“ темнината.

Кога не е под вода, подморницата може да послужи како салон каде луѓето можат да се дружат и да уживаат во свежиот воздух.