Shazam сега е достапен како екстензија за веб-прелистувачот Google Chrome.

Популарната апликација за идентификација на песни сега може да се користи и како екстензија на Chrome.

Shazam сега уште повеќе ќе ви ја олесни работата додека гледате филм, серија или видео на Youtube и се обидувате да откриете за која песна станува збор.

Доволно е да ја преземете и инсталирате апликацијата и оттогаш сè е на еден клик.

Во моментов не може да се најави постоечка сметка на Shazam.

Ова ќе пристигне во следното ажурирање, бидејќи ова е очигледно само бета верзија.