Американската компанија за електрични возила мора да повлече 130.000 возила поради проблеми со прегревање предизвикани од touchscreen екранот.

Станува збор за Tesla Model S и Tesla Model X и се однесува на верзиите од 2021 и 2022 година, односно Model 3 и Model Y од 2022 година, а потврдено е дека се подготвува „апдејт“ кој ќе поправи се.

Констатирано е дека поради прегревање на системот не може да се користи задната камера, светлата и некои други работи, а од јануари годинава пријавени се 59 поплаки за неисправности, но за среќа немало незгоди.

Во април, Tesla повлече 48.000 Model 3 Performances поради проблеми со брзинометарот, а во март 947 возила поради слични проблеми со задната камера.