Ова симпатично возило е најновата генерација на прототипот Honda AWV (Autonomous Work Vehicle)

Компанијата ја тестирала оваа мала самоуправувачка машина во период од еден месец на градилиште каде што компанијата Black & Weatch градела соларен парк од 120 мегавати на површина од 1.000 хектари во Ново Мексико.

Прототипот AWV е базиран на шасијата Honda Pioneer UTV, а ова мало возило може да носи товар до 721 килограм и може да влече приколка од 750 килограми. Кога е целосно натоварен, овој мини камион има максимален опсег од 45 километри. Полнењето на батериите трае шест часа со приклучок од 120 V.

Honda AWV може да функционира како далечински управувано или како автономно возило. Во режим на самоуправување, операторот со помош на таблет испраќа информации до машината каде да оди, а возилото одредува како да стигне таму. За „видот“ се задолжени предна камера, 3Д камери, GPS тракер, лидар и радар.

Градежната компанија Black & Weatch го користела AWV за пренос на опрема во градилиштето на соларниот парк. Возилата го ослободиле персоналот кој вообичаено го превезува товарот, така да тие луѓе можеле да вршат други работи.

Ова не е прв реален тест на AWV, но е првпат Honda да ангажира неколку примероци во исто време. Компанијата го претстави првичниот прототип на CES 2019 година.

Honda вели дека сè уште не е подготвена да го стави AWV во комерцијално производство бидејќи сака да продолжи да го развива овој производ. Јапонската компанија бара повеќе партнери како Black & Weatch, кои би биле заинтересирани за тестирање на машината. Постои план на возилото да му се додадат приклучоци и алатки кои би биле уште покорисни за работниците.

Извор: Додај Гас