Милијардерот, кој неодамна најави купување на популарната мрежа, сега објави дека ова купување е привремено стопирано.
Илон Маск објави дека разговорите за неговото преземање на Twitter Inc. се „привремено прекинати, додека се чекаат детали за анализите кои сугерираат дека спам/лажните сметки всушност сочинуваат помалку од 5% од корисниците“ на социјалната мрежа.
Twitter deal temporarily on hold pending details supporting calculation that spam/fake accounts do indeed represent less than 5% of usershttps://t.co/Y2t0QMuuyn
— Elon Musk (@elonmusk) May 13, 2022
Во својот твит, Маск укажува на студија објавена од социјалната мрежа претходно во мај, која покажува дека лажните сметки или сметките за спам претставуваат помалку од 5% од активната корисничка база на Твитер.
Во меѓувреме, Твитер ги објави своите планови да ги засили напорите за борба против намалувањето на содржината што доаѓа од гореспоменатите сметки.
Претходно Маск истакна дека, доколку се остварат неговите планови за купување, очекувањата на полето на работната етика ќе бидат екстремни, но многу пониски од она што го очекува од себе.