Најновиот „preview build“ на Microsoft за програмерите во рамките на Windows Insider програмата, доаѓа со поддршка за новата функција.

Целта на функцијата наречена „suggested actions“ е едноставна. Откако ќе се избере одредена содржина, Windows 11 може да предложи / препорача серија дејства што може да се направат побрзо.

На пример, корисникот може да бира телефонски број, по што оперативниот систем нуди мал прозорец што се појавува и започнува повик. Слични препораки ќе се појават за избор на датум или време.

Развојот на препорачаните дејства е сè уште во рана фаза, така што нема гаранција дека оваа функција ќе им биде достапна на корисниците во блиска иднина. Идеите, кои Microsoft ги тестира на својот канал за дивелопери, немаат конкретен датум на објавување.

Компанијата истакнува дека каналот Dev главно се користи за експериментирање со нови функции, кои на крајот може да бидат одбиени пред официјалното јавно објавување.