Милијардерот Илон Маск изјави дека има намера да ја укине суспензијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Твитер доколку успее да стане сопственик на оваа социјална мрежа.
„Трајната суспензија треба да биде исклучително ретка и треба да се користи само против ботови и спам. Мислам дека не беше фер да се суспендира Трамп. Мислам дека тоа беше грешка што отуѓи голем дел од земјата и преку што на Трамп му беше ускратен гласот. Ќе ја укинам таа забрана. Сè уште не сум сопственик на Твитер, така што не можеме да зборуваме за ова како завршена работа“, рече Маск.
Директорот на Tesla и SpaceX неодамна понуди 44 милијарди долари за купување на Твитер, а за таа цел обезбеди седум милијарди долари од инвеститорите.
Тој тврди дека поранешниот директор на Твитер, Џек Дорси се согласува со неговото неприфаќање на трајната забрана. Самиот Дорси потврди дека по ова прашање го има истото мислење како и Маск.
Белата куќа соопшти дека на компаниите им останува да донесат одлуки, вклучително и оние поврзани со суспензијата на социјалните мрежи, пренесува Sky News.
Поврзани артикли