Минатата недела, Samsung го претстави Galaxy F62 во Индија, а уредот се одликува со голема батерија од 7000mAh. Сепак, добри вести пристигнуваат и за оние кои живеат надвор од Индија и се заинтересирани за овој телефон.

Galaxy F62 од 3. март ќе се прошири и на други територии. Уредот најпрвин пристигнува во Малезија, наречен Galaxy M62. Верзијата за овој пазар има една боја помалку и ќе биде достапна во Laser Grey и Laser Blue варијанти на бои.

Останатите спецификации се очекува да останат исти. Samsung Galaxy M62 би требало да има 6,7-инчен FHD+ AMOLED екран, Exynos 9825 чипсет, 6/8 GBRAM и 128GB простор за складирање што може да се прошири.

На задната страна ќе има четири камери (64MP главна, 12MP ултра широк, 5MP макро и 5MP сензор за длабочина), додека на предната страна се наоѓа 32MP селфи камера. Секако, тука е и огромната батерија од 7000mAh, со поддршка за 25W брзо полнење.