Илон Маск, кој неодамна стана нов сопственик на Твитер, предложи да се додаде шифрирање / end-to-end енкрипција (E2EE) на популарната платформа за директни пораки (DM).

„Директните пораки на Твитер треба да имаат end-to-end енкрипција како Сигнал, така што никој не може да ги шпионира или хакира вашите пораки“, рече Маск во твитот.

Тој во изјавата посочи и дека слободата на говор е темел на функционална демократија, а Твитер е дигитален центар во кој се разговара за теми важни за човечкото општество.

„Исто така, сакам да го направам Твитер подобар од кога било, подобрувајќи го со нови функции, правејќи алгоритми со отворен код, искоренување на спам-ботови и верификувајќи ги сите луѓе“, вели Маск.

Постојаниот недостаток на end-to-end енкрипција за директни пораки на Twitter предизвика загриженост, додека Electronic Frontier Foundation (EFF) тврди дека овој недостаток може негативно да влијае на приватноста и безбедноста на корисниците.

„Бидејќи тие не се шифрирани, самиот Твитер има пристап до директните пораки“, велат од EFF.