Специјалното издание на Samsung на паметниот телефон Galaxy Z Flip 3 наречено Pokemon Edition е распродадено во Јужна Кореја за само неколку минути.

Продажбата се отвори преку продавницата Galaxy Campus на Samsung во Сеул и онлајн продавницата, а сите достапни уреди се распродадоа за само неколку минути по цена од 1.024 долари.

Специјалното издание или пакет вклучува кутија дизајнирана на тема, односно по популарниот Покемон, паметен телефон, специјална торба од Покемон, налепници Pikachu, држач за мобилен телефон Pokeball и привезок за клучеви Pikachu. Исто така, дел од пакетот е и едногодишен план за осигурување Samsung Care +.

Засега не е познато дали овој специјален пакет ќе биде достапен и на други пазари освен во Јужна Кореја.