Наскоро фановите на OnePlus 6 ќе можат да го купат телефонот во нова боја. Кинеската компанија објави дека од 10 јули ќе го нуди смартфонот во црвено, со што ќе продолжи започнатото со OnePlus 5T, кој исто така беше достапен во таква нијанса.

Според компанијата создавањето на оваа опција бара повеќе работа, што го поскапело производството за 5 долари.

OnePlus 6 во црвено ќе се нуди со 8GB / 128GB меморија, но во почетокот ќе биде достапен само во Северна Америка и Индија.

Во САД цената е 579 долари (како и другите бои со истата конфигурација) со почетокот на продажбата 10 јули, а во Индија ќе се нуди од 16 јуни за 39.999 рупии.

Уредот ќе се појави и во Европа и по се изгледа дека ќе биде достапен тука на 10 јули.