Познатиот дојавувач Evan Blass @evleaks) објави три рендери што би требало да ја претставуваат претстојната Galaxy S10 серија на компанијата Samsung. Меѓутоа, во објавата специфично е нагласено дека рендерите се базирани на очекувањата на производителите на куќишта за телефони.

Според наводите од рендерите, најмалиот и најдостапен Galaxy S10 Lite ќе има 5.8-инчен екран со punch hole отворот за камера во средина на дисплејот. Регуларниот Galaxy S10 ќе има 6.1-инчен панел со ист дизајн за предната камера. На крајот, најголемиот Galaxy S10+ модел ќе има 6,4-инчен дисплеј и два отвора за системот со две камери.

Рендерите веројатно се базирани на гласините кои се појавија за телефоните досега, така што е потребно да се земат со резерви. Уште еден дојавувач, Ice Universe во одговорот на твитот на Блас ги потврди споменатите големини на екраните на претстојната Galaxy S линија.