Геолозите од целиот свет се загрижени поради брзото поместување на северниот магнетен пол од канадскиот Арктик кон Русија. Велат дека ваквата состојба може да го загрози животот на целата планета.

Научниците од Лабораторијата за геомагнетизам од Универзитетот во Ливерпул, откриле дека Јужноатланска аномалија – во подрачјето меѓу Јужна Америка и Јужна Африка, каде магнетното поле е значително послабо од било каде на планетата – веројатно е такво со милиони години и затоа не укажува на знак на надоаѓање на пресврт на магнетните полови на планетата.

Во текстот на еден научен магазин, истражувачите проучувале вулкански карпи на островот Света Јелена, оддалечен остров од јужниот Атлантик, кој е во центарот на геолошката аномалија. Островот е најпознат како место на кое бил прогонет Наполеон Бонапатра во 1815 година, по битката кај Ватерло.

Геолошката аномалија е под Света Јелена трае милион години, предизвикувајќи нестабилно магнетно поле. Проучувајќи ги примероците од јадрото, земени од вулканските карпи на островот, научниците откриле дека овој регион на планетата има нестабилно магнетно поле милиони години.

Ова укажува на можен почеток на целосен магнетен пресврт. Откритието на истражувачите од Ливерпул се значајни, затоа што пресвртот на магнетните полови, кој најверојатно се случува на еколку стотина милениуми, во последните 20 милиони години и кои последен пат се случил пред 780.000 години, би можел да има големи последици по човековата цивилизација.

Ваквиот пресврт може да го ослабне природниот магнетен штит и да ги остави човечките електро елетроенергетски мрежи, чувствителни на соларните бури и другите вселенски појави. Да не говориме за штетноста по самите луѓе.

Извор: Kurir.rs