Nvidia се чувствува загрозена од понудата на AMD, а во иднина и од Intel, па гласините сугерираат дека компанијата ќе се одлучи за некои необични потези кога станува збор за претстојната серија на графички картички RTX 40 „Lovelace“.
Новите извештаи споменуваат дека премиум графичката картичка Nvidia RTX 4090 ќе бара вкупна TBP (total board power) од 600 вати, што е максималниот напон со кој може да се справи PCIe 5.0 16 кабелот за напојување. Ова е еквивалент на четири PCIe 6 + 2-пински кабли, како што имаат вообичаените напојувања.
За да се натпреварува со линијата графички картички AMD RDNA 3, Nvidia ќе ја доведе до граница потребата за енергија на своите графички процесори од серијата RTX 40. Од друга страна, приспособените модели RTX 4090 од партнерите на Nvidia би можеле да трошат повеќе од 600 вати. За споредба, Nvidia RTX 3090 има TBP од 350W, додека Nvidia RTX 3090 Ti има TBP од 450W.
Nvidia подготвува и Quadro pro серија на графички картички Lovelace, наменети за професионални корисници, но нема да бара исти нивоа на потрошувачка како моделите наменети за побарувањата на гејминг потрошувачите и ќе имаат ограничен TBP од 375W.
На компанијата и е јасно дека понудата на моќни, водечки графички картички ќе биде од најголема важност за успехот, што значи дека максималните перформанси ќе треба да се извлечат од серијата RTX 40. Ова ги вклучува максималните барања кога станува збор за потрошувачката и моќноста.