Еден од приоритетите на научниците во истражувањето на вселената е мисијата до Уран.

Досега, сонди испратени од Земјата ги „посетиле“ Марс, Венера, Сатурн, Јупитер и неговите месечини и Меркур, а Уран е запоставен. Сепак, научниците сакаат да го променат тоа, така што оваа планета стана еден од приоритетите за планетарната наука и астробиологијата.

Планот е сондата да се испрати на повеќегодишна орбитална обиколка околу Уран за да ја истражи неговата атмосфера. Оваа мисија би обезбедила исклучително важни информации за ледените џинови, а особено за Уран и неговите месечини.

Уран е неистражен леден џин, а вселенското летало на НАСА „Војаџер 2“ го прелета во 1986 година, на околу 81.593 километри оддалеченост.

Иако летот беше краток, Војаџер 2 успеа да открие некои тајни на Уран вклучувајќи го и фактот дека има неколку месечини. Сепак, нова мисија би го открила точниот состав на Уран, а бидејќи научниците претпоставуваат дека главно се состои од водород, хелиум, мраз и карпи, би можеле да научат многу за природата на нашиот Сончев систем.

Планетите надвор од нашиот Сончев систем се во голема мера ледени џинови, исто како Нептун и Уран, за кои се смета дека содржат поголеми карпести јадра и потешки елементи од водородот и хелиумот, кои се присутни во поголемите гасни џинови како Јупитер и Сатурн.

Можност за лансирање на вселенско летало или сонда е 2031 и 2032 година, соодветно, со цел да се искористи „гравитациската прашка“ околу Јупитер и да се скрати неговиот пат до Уран на „само“ 13 години.

Уран бил откриен од Сер Вилијам Хершел во 1781 година, а неговото просечно растојание од Сонцето е 3 милијарди километри. Патот околу Сонцето се вкрстува еднаш во 84 земјини години и е четири пати поголем по дијаметар од нашата планета. Во атмосферата на Уран доминираат водород и хелиум, а оваа планета има најмалку 13 прстени и бројни месечини.