Новиот андроид е дел од проектот Guardian Robot, кој планира да создаде општество на иднината во кое луѓето, вештачката интелигенција и роботите ќе можат флексибилно да коегзистираат едни со други.

Благодарение на напредокот во технологијата, разликите меѓу луѓето и машините се намалуваат од ден на ден. Изразувањето на емоции е една од функциите кои главно сè уште се резервирани за припадниците на човечкиот вид. Но, новиот андроид Никола треба да го промени и тоа.

Новиот андроид е дел од проектот Guardian Robot, кој планира да ги поврзе психологијата, науката за мозокот, когнитивната наука и вештачката интелигенција за да создаде општество на иднината во кое луѓето, вештачката интелигенција и роботите ќе можат флексибилно да коегзистираат.

Проектот е поддржан од RIKEN, истражувачки институт финансиран од јапонската влада.

Во една статија неодамна објавена во списанието Frontiers in Psychology, истражувачите опишаа како ги прават движењата на лицето кои Никола ги користи за изразување емоции, како и физиолошките податоци на кои се потпираа за да ги креираат и тестираат тие движења.

Беа користени емоции како лутина, одвратност, страв, среќа, тага и изненадување.

Истражувачите веруваат дека андроидите кои можат да покажуваат емоции ќе бидат важни не само за понатамошно истражување, туку и за наоѓање примена во секојдневниот живот. На пример, тие би можеле да се користат за помош на постарите лица.

Ќе помине многу време додека тоа да стане реалност. Но, Никола веќе е подготвен за следната фаза, во текот на која истражувачите ќе ги подобрат постоечките и ќе додадат нови изрази на лицето, ќе му дадат глас и тело и ќе поврзат сè заедно во една целина што изразува емоции, пишува CNET.