Во светот на гејмингот, вообичаено е игрите да го следат трендот и да воведат battle royale мод, а популарната игра Rocket League го следи овој пат.
Ова е нов режим на игра наречен Knockout Bash, кој ќе биде достапен од 27 април. Во играта, осум играчи ќе се борат за „опстанок“, а модот ќе има карактеристики на типичен battle royale. Играчите имаат право на три нокаути пред да заврши играта. Исто така, дел од играта ќе биде и опасна зона која се намалува во арената.
Rocket League ќе додаде нови и ќе ги подобри постоечките функции за да го подобри „destruction derby“ чувствотото на Knockout Bash. Играчите ќе можат да ги „зграбат“ противниците и да ги фрлат во опасност. Двојните скокови ќе станат тројни и играчите ќе летаат уште повисоко и дополнително ќе ги одвратат противниците. Навремените блокади ќе ги одбијат тие напади, а играчите ќе можат да избегнат напади четири пати во воздухот пред да се ресетира опцијата. Ако играчот биде исфрлен од арената, тој ќе има само неколку секунди да се врати во безбедната зона пред да биде нокаутиран.
Knockout Bash започнува на 27 април и ќе трае до 10 мај.