Vivo X60 серијата наскоро ќе дебитира глобално, а во меѓувреме одделот Vivo Pakistan потврди некои од главните спецификации на X60 Pro моделот.

Спецификациите за Vivo X60 Pro вклучуваат Snapdragon 870 чипсет, како и Gimbal Stabilization 2.0 камера.

Објавено е и тизер видео, кое го прикажува главниот сензор како се поместува од една на друга страна, укажувајќи на можноста за стабилизација на гимбалот. Новиот pixel shift систем ќе креира до осум статички слики, кои потоа ќе се спојат за оптимална информација за боја и јасност.

Тизерот укажува и на подобрено фотографирање во ноќни услови, со Vivo Night Vision 2.0, а ги потврдува и црната и сината опција на бои за Vivo X60 Pro.