Минатата недела WhatsApp почна да доставува реакции до корисниците преку емотикони, а компанијата наскоро би можела да имплементира уште една долгоочекувана функција.

Со најновата бета верзија за апликацијата iOS, WhatsApp додаде опција која им овозможува на корисниците да ја ограничат можноста на одредени луѓе да го видат вашиот статус „last seen“, како што наведува WABetaInfo.

Ова е функција која покажува кога некој последен пат ја проверил апликацијата и е начин да дознаете дали некој контакт потенцијално ја видел вашата порака.

Досега WhatsApp го ограничуваше тоа кој го гледа вашиот статус само на контактите на корисникот. Исто така, функцијата може целосно да се исклучи, но немаше опција за оневозможување на одредени контакти да гледаат информации за статусот.

WhatsApp iOS бета верзијата 22.9.0.70 додава нова опција „My Contacts Except…“ во делот „Last Seen“ во поставките за приватност на апликацијата. Бидејќи споменатата опција сега е во бета фаза и за Android и за iOS, се очекува наскоро да стане достапна за сите корисници на WhatsApp.