Audi штотуку доработува решение познато од научно-фантастичните филмови. 

Станува збор за навистина брза промена во бојата на каросеријата и крај на вечната дилема во изложбениот салон.

„Сива? Или можеби сепак сина? Мојата сопруга сака црвена, а еден пријател ми вели да земам сребрена…“- ваквите дилеми се дел од животот на стотици, ако не и илјадници луѓе кои избираат нов автомобил. Конечната одлука никогаш не е лесна.

Брзата промена на бојата на каросеријата не е толку едноставна

Кога ќе се покаже дека сме избрале погрешна боја и не сме задоволни, процесот на промена не е лесен. Се разбира, можете да се договорите со лимар, но таквото „традиционално” лакирање е скапо. Покрај тоа, не секој следен сопственик на автомобилот ќе ја разбере на вистински начин таа одлука. Можеби ќе бидете обвинети за прикривање сообраќајна несреќа.

Подобар и попопуларен начин е да го покриете автомобилот со фолија. Потоа, можете малку да експериментирате со бои и текстури, и тоа е навистина брза промена на бојата. Целиот процес ретко трае повеќе од 3 дена. Цената може да биде проблем, и не секој сака филмови.

„Би било одлично само да притиснете копче и да ја смените бојата“.

Идејата која доаѓа директно од научно-фантастичните филмови, т.е. менување на бојата на каросеријата со притискање на копче, може да стигне до сериските автомобили благодарение на производителот од Инголштат. Освен што веројатно нема да биде ефтино, барем за сега.

Причината за појавата на таква новина, барем официјално најавена, е екологијата и намалувањето на потрошувачката на енергија. По воведувањето на опишаните решенија, црните автомобили ќе користат само 1-2 проценти повеќе енергија отколку белите автомобили во лето. Денес, овој параметар е повисок. Главно се работи за потребата да се излади жешкиот ентериер.

Брза промена на бојата на каросеријата со „копче“ – како функционира?

На каросеријата на Audi (на сликите е користени E-tron GT, кој всушност и одговара на сегментот на научната фантастика) ќе има премаз кој под влијание на електрична енергија може да ја прикаже зададената боја избрана од возачот со допира на екранот. Кога е исклучен, тогаш автомобилот ќе ја има својата „оригинална“ боја, а тоа е бојата со која е обоена каросеријата под премазот.

Накратко: станува збор за активна боја која е видлива или не, во зависност од тоа што ќе избере возачот.

Засега, станува збор за промена од светло сива во темна или од графитна нијанса во сини тонови. Ова не е фаза кога бел автомобил станува зелен или црн автомобил станува црвен. Но, веројатно ќе дојде и тоа, а тогаш полицајците кои бркаат криминалци веројатно нема да бидат многу среќни.

Извор: Додај Гас