Најпродаван автомобил беше Model Y на Tesla, а вториот најпродаван автомобил исто така доаѓа од компанијата на Маск, Model 3.
Се чини дека Норвешка би можела да биде првата земја во светот која ќе продава исклучиво електрични возила. Иако некои оптимистички најави велат дека крајот на бензинот и дизелот може да биде оваа година, Норвежаните веројатно ќе чекаат уште малку до овој пресврт во индустријата – планот е сите нови автомобили да бидат јаглерод неутрални до 2025 година.
Дека се на добар пат кон комплетна транзиција и електрификацијата покажуваат податоците од пазарот на автомобили за првиот квартал од оваа година. Во периодот од јануари до март во таа земја се продадени 32.342 автомобили, од кои дури 26.800 електромобили, што претставува удел од речиси 83 отсто. Што се однесува до бензинот и дизелот, во првите три месеци нивната продажба падна на само околу две илјади единици, додека останатите беа хибридни. Ако ги погледнеме месеците, учеството на електричните автомобили беше најголемо во март кога достигна 86 отсто, од кои дури 30 отсто окупираше Тесла.
Моделот Y зазеде 20 проценти, додека Model 3 зеде 10 проценти од пазарот. Меѓу 5-те најпродавани електрични возила во март е ID.4 на VW, кој зазеде речиси 8 отсто од пазарот, потоа Audi Q4 e-tron со 4,1 отсто и Hyundai IONIQ 5 со 3,6 отсто од пазарот.
Како што расте популарноста на електричните возила, јасно е дека нивната продажба и удел на пазарот ќе продолжат да се зголемуваат. За цела минатата година, уделот на автомобилите со електромотори во Норвешка изнесуваше 65 отсто, што е зголемување за околу десет отсто во однос на 2020 година.
Норвешка го охрабри процесот на електрификација обезбедувајќи бројни поволности за купувачите и сопствениците на електрични возила, како што се бесплатните патарини и паркинг и други поволности, а далеку стигнаа и со инфраструктурата за полнење на електрични возила, сите важни фактори кои влијаат на популарноста на возилата со електрични мотори.
Поврзани артикли