Кога станува збор за Apple, гласините сугерираат дека наскоро ќе имаме можност да видиме флексибилен iPhone. Наводно, Apple планира два различни модела, што ќе и конкурираат на Samsung Galaxy Z Flip линија.

Според извештајот на Economic Daily News, а базиран на изворите од синџирот на снабдување на Apple, компанијата со седиште во Купертино развива два нови флексибилни уредa. Еден од нив има дизајн со два екранa, сличен на Microsoft Surface Duo моделот, додека другиот има еден флексибилен дисплеј, сличен на Samsung Galaxy Z Flip.

Apple ги тестира двата модела во Foxconn, за да ја провери издржливоста на шарката, што е посебно важно кај флексибилните телефони.

Се очекува дека Apple, сепак, нема да го претстави својот прв флексибилен iPhone или iPad во текот на оваа година. Наводно, компанијата ги планира овие производи за 2022. година.