Официјални лица од Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) соопштија дека земјата е во центарот на соларна бура, откако беше погодена од големо соларно исфрлање.
Бурата која моментално се случува е окарактеризирана како G3, што значи дека е доволно силна за да предизвика проблеми со напојувањето, а во проблемите може да се најдат сателити и луѓе во вселената. Може да има проблеми и со користење на навигацијата и радиото.
Ваквите бури предизвикуваат и феномен познат како северна светлина и може да предизвикаат проблеми за птиците преселници, пренесува Independent.
Инаку, скалата која ја мери јачината на соларните бури оди до Г5 и најсилно може да предизвика колапс на електричната мрежа и сателитската навигација.
Соларните бури се случуваат откако на површината на Сонцето се случи т.н коронално исфрлување на маса (CME). Земјата пред два дена помина низ погоденото подрачје и првично ефектот беше мал но сега конечно се гледаат ефектите од невремето.
Поврзани артикли