Биометриската идентификација стана дел од секојдневниот живот, а системите за препознавање на лице и отпечатоци на прсти веќе ги имаме и на нашите паметни телефони. Сепак, од американски Пентагон одлучиле да одат чекор понатаму – да ве идентификуваат преку отчукувањата на вашето срце.

Во извештајот на MIT Technology Review, Пентагон разви ласер кој може да идентификува луѓе од поголема далечина и тоа по отчукувањето на нивните срца. Технологијата позната како Jetson користи ласерска виброметрија која го идентификува „движењето“ на кожата предизвикано од отчукувањето на срцето и работи на оддалеченост од 200 метри.

Срцевите обрасци кај секој човек се единствени, но за разлика од лицето и оптечатоците на прсти, тие не можат никако да се променат. Засега Jetson работи во идеални услови и допрва оваа технологија на Пентагон ќе се усовршува, иако досега се покажала како точна во 95 проценти од случаите.

Очигледно, оваа технологија би можела да биде од голема корист за воените и надзорните организации, но исто така може да има и други примени.

Како што велат од MIT, докторите на овој начин ќе можат да ги проверат отчукувањата на срцето кај пациентите без притоа да ги поврзуваат на апарати, а болниците ќе можат бежично да ги следат виталните знаци на пациентите.

Извор: PC Press.rs