Google конечно додава можност за поинаку уредување и распоредување на табовите, користејќи кратенки на тастатурата кога станува збор за Chrome на платформата Windows.

Оваа функција е достапна за Linux и macOS со години, а сега е на пат за Chrome на Windows. Доделена кратенка за преместување табови низ лентата со табови е забележана во верзијата Chrome Canary 102, која е во фаза на тестирање.

Корисникот може да притисне Ctrl + Shift + Page Up / Down за да ја премести тековната страница лево или десно. Новата кратенка ќе се придружи на други корисни опции кои овозможуваат побрза навигација на прелистувачот. Тие вклучуваат Ctrl + Up за префрлање помеѓу табови, Ctrl + W за затворање страница или Ctrl + T за отворање нова.

Google работи на други подобрувања и функции на Chrome. Прелистувачот наскоро ќе ви овозможи да додавате белешки на веб-страниците и да ги складирате во доделената странична лента.