На интернет се појави нова покана за најава на настанот на Honor. Банерот е јасно насловен „Honor лансирање на нов производ“ со слоганот „Подготвени за иднината“ на 29 март во 20:30 часот. Меѓутоа, не се споменува временската зона.

Извори од индустријата шпекулираат дека на настанот ќе бидат претставени некои основни и уреди од средната класа и ја навестуваат за Honor X серијата. Поточно – новите Honor X7, X8 и X9 5G уреди. Honor X8 всушност веќе е најавен на Блискиот Исток и Африка.

Под претпоставка дека се работи за истиот уред, X8 е типичен телефон од 2022 година со достапна цена, со 6,7-инчен LCD екран од 90Hz, Snapdragon 690 чипсет, 6GB RAM и 128GB простор за складирање, батерија од 4000GB mAh со полнење од 22,5W, 64MP главна камера, 5MP ултраширока и две 2MP камери, плус селфи камера од 16MP. Сепак, не знаеме ништо за моделите X7 или X9 5G.

Можно е еден од нив да има врска со Honor Magic4 Lite, кој неодамна беше предмет на гласини – наводно поевтината верзија на Magic4 и Magic4 Pro дуото, по што следи уште поважниот Magic4 Ultimate Edition.