Знаеме дека има недостиг од графички картички, кои се исто така екстремно скапи, па можеби е тешко да се поверува дека испораката на графички картички се зголемила во текот на 2021 година.
Сепак, се чини дека тоа е точно, а аналитичарите посочуваат дека лани имало зголемување на испораките за 30 отсто во однос на 2020 година. Се посочува дека во текот на 2021 година на овој пазар е остварена добивка од 51,8 милијарди долари, а вкупната АИБ испорака значително се зголемила.
Дополнително, испораките на AMD графички картички забележаа максимален раст од 35,7 отсто во споредба со истиот квартал од 2020 година, додека испораките на Nvidia карти пораснаа за 27,7 отсто во текот на четвртиот квартал од минатата година во споредба со истиот период претходната година.
Интел оваа година влегува и на пазарот на графички картички, па се очекуваат дополнителни подобрувања во испораката на GPU. Се верува дека ситуацијата со цените конечно ќе се реши. Во текот на изминатите месеци, цените бележат пад на европските пазари.
Извори за малопродажба веруваат дека достапноста и цените на графичките картички ќе продолжат да се подобруваат дополнително во текот на вториот квартал, додека цените на GPU повторно не станат атрактивни.
Поврзани артикли