Украинците објавија игра во стилот на 1990-тите, која произлезе од намерата на Илон Маск да учествува во борба со Владимир Путин.
Програмерите од Украина сега создадоа игра во која играч може да го победи рускиот претседател Владимир Путин, како и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Главната улога ја има Илон Маск – американски милијардер и претседател на Tesla и SpaceX. Борбите се водат во Мариупол. Играта има и придружна музика, со песна која ја толкува Андреј Кливњук – водачот на групата Boombox.
Идејата за оваа игра се роди откако Илон Маск го предизвика Путин на дуел во една борба во средината на март. Но, наместо Путин, Кадиров му одговори на Американецот, а потоа и шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
Претходно во Украина беше создадена игра со која играчите можат да ја блокираат работата на руските сајтови поврзани со руската армија.