Американскиот производител на микропроцесори Интел објави дека ја затвора работата во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштија земјата по нејзината инвазија на Украина.
Компанијата, која минатиот месец ги суспендираше испораките на клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за минимизирање на нарушувањето на нејзиниот глобален бизнис.
„Интел и се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и повикувањето на брзо враќање на мирот“, соопшти компанијата.
И „Ај-Би-Ем“ ги прекина испораките кога Украина ги повика американските производители на софтвер да го прекинат бизнисот со Русија.
Компаниите и владините агенции во Русија се потпираа на технологијата развиена на Запад, која беше основата на нивните ИТ системи.
Поврзани артикли