Во текот на многу години, квантните компјутери беа само идеја, но денес, компаниите, владите и разузнавачките агенции се повеќе и повеќе инвестираат во развојот на квантната технологија, пишува Science Daily.

Конвенционалните компјутери ги почитуваат законите на класичната физика, односно функционираат бинарниот код и броевите 0 и 1, односно тие се чуваат и се користат за математички операции.

Во конвенционалните мемориски единици, секој бит – најмалата единица на информациja – е претставена со микроскопска точка на микрочип. Секоја од овие точки има показател што одредува дали битот е поставен на 1 или 0.

Во квантните компјутери, пак, битот може истовремено да биде и 0 и 1. Тоа е поради тоа што законите на квантната физика дозволуваат електроните истовремено бидат на повеќе места. Квантните битови или кубити, постојат во повеќе преклопувачки состојби.

Оваа т.н. суперпозиција им овозможува на квантните компјутери истовремено да извршуваат повеќе операции, додека пак еден конвенционален компјутер обично овие операции ги извршува последователно. Според ова, предноста на квантните компјутери лежи во способноста за значително побрзо време на решавање на одредени проблеми.