Motorola кон средната на идната недела, на 15. мај ќе го претстави новиот смартфон – One Vision. По добриот стар обичај, пред некој ден пристигнаа свежи рендери и целосните спецификации.

Добра вест е дека новите рендери не откриваат ништо ново, што значи дека досегапните гласини за овој смартфон. Од предната страна ќе се наоша поголем екран со доста тенки рамки од страна. Селфи камерата ќе биде во рамки на екранот, и ќе биде сместена од левата страна. Од задната страна исто така нема изненадувања – две камери, блиц и скенер на отпечатоци од прсти.

Motorola со овој модел одлучи да ги спои старите и новите технологии. И покрај постоењето на USB-C порт, производителот одлучи да го задржи и 3,5-милиметарскиот аудио порт, со што осигура поддршка за постарите модели на слушалки. Левата страна на уредот открива дека ќе биде можно накнадно да се прошири просторот за складирање со мемориска картичка.

Motorola One Vision ќе има 6,3 инчен екран со формт на страници 21:9, поради што и се нарекува CinemaVision. Резолуцијата на екранот е 2520 x 1080 пиксели, а густината на пиксели 432 ppi. Иако не се работи за флегшип модел, Motorola One Vision ќе има дури 128 GB интерна меморија. One Vision ќе го покренува Samsung чипсет од сeријата Exynos. Се работи за 8-јадрениот модел 9609, кој всушност е Exynos 9610, на кој му е намалена брзината од 2,3 на 2,2 GHz. За флуидна работа на оперативниот систем и корисничките апликации ќе се погрижи RAM меморијата од 4 GB. Софтверската страна на уредот ќе го сочинува Android 9.0 Pie во Android One верзија.