Извештај од Јужна Кореја претходно сугерираше дека LG G9 ќе биде префрлен во средниот сегмент, а сега се појавија дополнителни информации за да се објасни причината за оваа одлука.

Наводно, се работи за ребрендирање кое го предводи Јон-Мо Ли – Потпретседател на LG Electronics. Според информациите, G серијата на LG би можела да биде целосно угасена.

Целта е да се врати LG Chocolate брендот, кој беше популарен пред паметните телефони да го преземат приматот на пазарот. Серијата беше фокусирана на дизајнот и имаше неколку впечатливи модели, како што е LG BL40 New Chocolate со својот 21:9 екран (што беше новитет во 2009 година).

LG, исто така, известува дека вложил многу напор во креирањето на LG G9 моделот, што го прави многу поразличен од 5G телефоните што досега ги претстави конкуренцијата.

LG G9 би требало да има поголем екран (6.7-6.9 инчи) и поддршка за Dual Screen додаток. Тука се и 48MP главна камера, 4000mAh батерија и цена од околу 750 долари.

Секако, сето ова ќе го покренува Snapdragon 765G чипсет со интегриран 5G модем.