Компанијата Apple навикна на успеси, но се чини дека првичното незадоволство дури и од најверните корисници од најновиот мобилен уред iPhone SE беше сепак посилно од очекуваното.

Да потсетиме, новиот Apple iPhone SE беше претставен на 8. март, во истото куќиште како и претходниот SE модел. Односно се работи за куќиштето на многу стариот iPhone 8. Уредот поседува дисплеј од 4,7 инчи и резолуција од само 750×1334. Светли точки се квалитетната камера од 12 MP, исто како и кај моделот iPhone 13, како и најновиот A15 Bionic чипсет.

Сепак, изгледа дека не се доволно светли за да ги наведат потенцијалните корисници да го купат овој уред. Едноставно кажано, корисниците сакаат повеќе за што е можно помалку пари, а Apple овој пат не успеа. Ниту блиску. Според Nikkei Asia, Apple ќе ја намали количината на iPhone SE уреди за приближно 20 проценти во следниот квартал од оваа година.

Според аналитичарот Минг-Чи Куо, кој ги претстави точните бројки, Apple планира да продаде меѓу 15 и 20 милиони iPhone SE уреди во текот на 2022 година, што е многу помалку од првичните проценки и планови од 25 до 30 милиони мобилни уреди. Според овие наводи, намалувањето на производството изнесува меѓу 20 и 66 отсто.