Апликациите кои имаат ChatGPT во името или описот се сè почести во продавниците за апликации.

ChatGPT е една од најинтересните теми за дискусија во ИТ индустријата, а OpenAI chatbot кој дава природни и концизни одговори на прашања го привлече вниманието и на корисниците и на програмерите.

Некои дивелопери, сепак, се чини дека се обидуваат да го искористат овој тренд за да создадат сомнителни апликации за App Store и Play Store, со кои сакаат да заработат дополнителни пари или да направат некој друг профит.

ChatGPT е бесплатен за секој да го користи на веб, а неговиот креатор, OpenAI, сè уште нема издадено официјална мобилна апликација. Иако има голем број на апликации кои ги користат предностите на GPT-3, не постои официјален ChatGPT API.

MacRumors неодамна ја забележа апликацијата „ChatGPT Chat GPT AI With GPT-3“ на AppStore, која беше на врвот на листата на најпопуларни во неколку земји. За среќа, по објавувањето, споменатата апликација е отстранета од App Store. Сепак, многу други апликации кои имаат „ChatGPT“ во нивното име или опис сè уште се наоколу.

Продавницата на Google Play е исто така полна со сомнителни апликации ChatGPT, кои се преземени илјадници пати и не нудат никаква корисна функција.