Кога станува збор за камерите кај iPhone моделите, Apple досега не се расфрлаше со големи сензори. Најмоќниот модел од актуелната серија, iPhone 13 Pro Max, всушност користи сензор од 12 MP за главната камера.
Сепак, според аналитичарот Минг-Чи Куо, Apple ќе ја зголеми резолуцијата на 48MP кај iPhone 14 Pro и Pro Max уредите. Како резултат на тоа, испакнатоста на камера модулот на задната страна може да биде поголем.
The main reason for the larger and more prominent rear-camera bump of the 14 Pro/Pro Max is upgrading the wide camera to 48MP (vs. 13 Pro/Pro Max's 12MP). The diagonal length of 48MP CIS will increase by 25-35%, and the height of 48MP's 7P lens will increase by 5-10%. https://t.co/lrwgmnLNce
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) March 27, 2022
Ова е значително зголемување во однос на сегашните сензори од 12 MP, кои се достапни кај iPhone 13 серијата, а останува да се види колку тоа ќе влијае за зголемување на квалитетот на фотографиите и видеата.
Снимањето во висока резолуција ќе им значи најмногу на професионалците кога не сакаат да изгубат детали во фотографиите. Поради фактот што социјалните мрежи во голема мера ги компресираат фотографиите, обичните корисници понекогаш не можат ни да го искористат целосниот потенцијал на камерите од 108 MP, кои моментно се актуелни.
Apple засега ништо официјално не најави па информациите за зголемување на камерите на iPhone 14 линијата треба да се земат со доза на резерва.