Пред само неколку месеци се појавија гласини дека HMD Global работи на Nokia модел со 5-камери.

Ова може е точно, бидејќи фотографија на овој модел се појави на интернет, иако сè уште нема докази за нејзината автентичност.

Првобитно, сликата беше поставена на кинеската социјална мрежа Baidu, но постот потоа беше избришан.

Сликата покажува телефон со вкупно 6 отвори на задниот панел, од кои едниот е очигледно LED блиц. Другите пет се дизајнирани за оптиката на камерата.

На панелот исто така се наоѓа и ZEISS, како и логото на Nokia.

Засега не е јасно како точно ќе функционира таков оптички систем, имајќи предвид дека таквото решение, барем досега, не е предложено во уред за широката јавност.