Apple работи на нов МacBook Air лаптоп со дијагонала на екран од 15 инчи. Според информациите кои се моментно достапни, овој лаптоп би требало да се појави во текот на следната година, а покрај него и уште еден популарен мобилен уред – основниот iPad.
Display Supply Chain Consultants во својот квартален извештај вклучи и некои од информациите кои наведуваат на заклучување на она што можеме да го очекуваме од Apple во претстојниот период. Иако овие документи не се за јавност, аналитичарот Рос Јанг изнесе некои сопствени заклучоци.
Според неговите наводи, се подготвува преносен компјутер со дијагонала од 15 инчи, што би требало да го претставува новиот MacBook Air. Исто така, според информациите што ги анализираше, Apple планира и да ја зголеми дијагоналата на екранот на помалиот претставник на MacBook Air серијата од моментните 13 на 14 инчи. На крајот, се чини дека и дисплејот на претстојниот основен iPad ќе биде поголем од сегашните 10,2 инчи.
Досега, MacBook Air беше помал претставник на преносните компјутери на оваа компанија, со дијагонала на екранот од 13,3 инчи. Главните адути, покрај квалитетното M1 процесорско решение се и малата тежина, тенкиот профил и модерниот индустриски дизајн.
Сега, зголемувањето на екранот како што моментно се наведува, на 15 инчи, претставува значителна промена. Поголемиот дисплеј донесува поголем и попрегледен простор за работа, но тоа од друга страна може да влијае на тежината и профилот на овој уред.