Од USB Implementation Forum пристигна информација дека е завршен USB 4 стандардот, кој на конекторите на типот USB-C би им донел брзина за пренос на податоци поголемо од 40 Gbps и други новитети.

Нацрт спецификацијата за новото издание на стандардот за USB би требало да биде објавен до крајот на оваа година. Тоа, секако, не значи дека производителите веднаш ќе го прифатат и ќе го вградат кај своите производи.

Освен брзината на пренос на податоци која ќе биде поголема од 40 Gbps, можно е дека USB 4 ќе поддржува полнење со сила од 100 W, што би овозможило полнење на преносните компјутери преку истата врска која поддржува испраќање на видео сигнал на екрани со 4К и 5К резолуција.

Ќе биде компатибилен со претходните стандарди (вклучувајќи ги и USB 3.2 и 2.0), како и со Thunderbolt 3.

Наведените можности би можеле донекаде да бидат ограничени од квалитетот и капацитетот на кабелот со кој USB 4 е поврзан, пренесува Apple Insider.

Извор: Tportal.hr