Huawei официјално го претстави својот најнов таблет, под името Huawei MatePad. Уредот го карактеризира 10.4″ 2000 x 1200p IPS дисплеј и Kirin 810 чипсет. Сето ова го напојува батерија од 7250mAh, со поддршка за 18W брзо полнење преку USB Type-C порт.

Таблетот има две камери од 8MP. Сензорот на задната страна има поддршка за автофокус, додека предната камера има фиксен фокус. Самиот хардвер е сместен во метално куќиште со тежина од 450 грама.

Најголем дел од промотивниот материјал за таблетот се фокусира на алатките за едукација, а компанијата имплементирала своевиден едукациски центар со ресурси за учење со сопстевниот Focus UI. Тука е и специјалниот „reading mode“, кој го намалува емитувањето на сино светло, а истовремено ја следи дистанцата на очите на корисникот и положбата.

MatePad има и multi-window поддршка и интеграција со другите компатибилни уреди со EMUI 10.1 кориснички интерфејс. Присутна е и поддршка за Huawei M-Pencil паметното пенкалце.

Huawei MatePad е достапен во три конфигурации: 4GB + 64GB Wi-Fi, 6GB + 128GB Wi-Fi и 6GB + 128GB LTE. Цените на овие модели, изнесуваат околу 270, 310 и 350 долари.