Според извештајот на аналитичката компанија Omdia, најпродаван телефон во текот на 2021 година не е iPhone, туку буџетски модел на Samsung.

Samsung Galaxy A12 беше претставен кон крајот на 2020 година и беше на врвот на листата на телефони со најголем број испорачани примероци во текот на 2021 година, со повеќе од 50 милиони продадени единици.

Според извештајот на Omdia, Galaxy A12 беше испорачан во 51,8 милиони примероци, пред моделот Apple iPhone 12 кој беше испорачан во 41,7 милиони примероци.

Интересно е што iPhone 12 е петпати поскап од моделот Galaxy A12, со просечна цена од 851 долар во споредба со 160 долари за телефонот на Samsung.

На трето место според продажбата е iPhone 13 (34,9 милиони продадени примероци), а потоа следат iPhone 11 (33,6 милиони) и Xiaomi Redmi 9A (26,8 милиони).

Најскапиот телефон од најпродаваната листа е iPhone 13 Pro Max, со просечна малопродажна цена од 1.324 долари (седми по испорака), додека најевтин е споменатиот Redmi 9A, со просечна цена од 78 долари.

Извор: B92.net