Компанијата Apple планира да воведе Mini LED екран за 11-инчниот iPad Pro во 2022. година. Според најавите, компанијата планира да го искористи истиот тип на дисплеј од годинашниот 12,9-инчен модел. Аpple претстави нови верзии на 11 и 12,9-инчниот iPad Pro со M1 процесор, но само поголемиот модел доби Mini LED екран.

Се работи за нова технологија на дисплејот која подразбира користење на илјада ситни LED диоди кои креираат фокусирани локални зони на затемнување и така овозможуваат подобар контраст и HDR перформанси. iPad Pro од 12,9-инчи има 2500 локални зони на затемнување.

Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека Apple ќе користи Mini LED екрани и за MacBook линијата и дека 14 и 16-инчните Mini LED модели ќе влезат во производство во овој квартал. Куо очекува и пристигнување на нов редизајниран MacBooк Air со споменатата технологија на екранот. Поевтините модели на iPad ќе преминат на ОLED панели.

Mini LED технологијата беше причина за проблеми во синџирот на снабдување кога станува збор за iPad Pro, кој се појави преходно оваа година. Залихите се уште не се доволни, а времето на чекање на испорака на уредот се проценува на две до три седмици.